Дали знаете дека момчињата потешко го поднесуваат стресот и се помалку отпорни на невропсихијатарски нарушувања, како нарушување на вниманието и аутизам?

Се верува дека синовите треба помалку да ги мазиме и од нив се очекува да бидат јаки, да не плачат, да бидат борбени и силни. Сепак, науката кажува поинаку, односно спротивно.

Иако веќе длабоко го газиме 21-иот век, верувањето дека машките деца треба од мали да се воспитуваат да бидат цврсти, сѐ уште е длабоко вкоренето. И тоа не само на Балканот, туку и во остатокот од светот.

Неодамнешните испитувања откриле дека момчињата, во првите години од својот живот, треба да бидат третирани со повеќе нежност и сочувствување отколку што тоа е потребно за девојчињата.

Зошто е потешко да се воспитуваат момчињата?

Познатиот невропсихолог Алан Шор претставил ново истражување кое докажува дека десната хемисфера од мозокот побавно се развива кај момчињата, отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Па, најпросто речено, момчињата се помалку осетливи на звуците и лицата кои ги опкружуваат, што може да ги направи да бидат “потешки” и со повеќе барања.  За нив е тешко да толерираат стрес и помалку се отпорни на невропсихијатарски нарушувања, како што се нарушување на вниманието и аутизам, кои се манифестираат во раното детство.

Затоа, децата кои имаат построги мајки, кои од мали се воспитувани со цврста рака, без многу емоции, стануваат анксиозни, што притоа влијае на формирањето невронски врски во мозокот, одговорни за самоконтрола и социјализација. Лекот за тоа е нежна, цврста врска помеѓу синот и мајката, заснована на разбирање и исполнување на потребите на детето за љубов и блискост. Ова има огромно влијание на развојот на мозокот особено во првата година од животот.

Четири совети кои Алан Шор ги споделува со родителите:

1. Не раздвојувате ги синовите од мајките по раѓањето.

Раздвојувањето од мајката веднаш по породувањето предизвикува огромен стрес кај сите деца, но за момчињата тоа е особено важно бидејки кај нив се забележува нагло покачување на хормонот за стрес (кортизол). Ако подолго време се раздвоени од мајката, па високото ниво на стрес се одржи извесно време, тоа може да има сериозно влијание врз развојот на мозокот и врз здравјето на детето.

2. Целото породилно отсуство поминете го со својот син.

Или најмалку до првиот роденден. Во овој период се најранливи.

3. Не бидете строги спрема нив.

Посебно не во првата година од животот. Избегнувајте стрес, пристапете им со трпение, бидејќи тие многу добро ги забележуваат негативните емоции. Не забранувајте им да плачат и немојте да ги засрамувате поради тоа. Не оставајте ги сами кога се расплакани, дури и ако самите се криви поради тоа. Тие тогаш патат и потребна им е потврда дека се вредни за љубов. Што почесто гушкајте ги, мазете ги и љубете ги.

4. Надворешните токсини можат да имаат значајно негативно влијание врз малите момчиња.

Кај нив, тие можат да предизвикаат сериозен проблем токму во развојот на десната хемисфера. Иако можеби изгледа како параноја, сепак мораме секогаш да бидеме внимателни со се што ги опкружува нашите деца.