Бремена сте и нетрпеливо ги броите неделите и размислувате што се случува со плодот кој го носите во стомакот.  Сигурно се прашувате како да постапувате  во сексуалниот живот со вашиот партнер. Постојат повеќе митови околу сексот за време на бременоста. Можеби ќе чуете различни изговори зошто да одбегнувате секс, но бременоста не треба да биде еден од нив!

Најголемата глупост што некој може да ја каже или да ја прочитате е дека длабоката пенетрација би можела да го повреди фетусот. Стручните лица велат дека при пенетрација, вагината природно се растегнува така се прави простор помеѓу пенисот и грлото на матката. Грлото на матката обложено со дебел слој на слузница со што плодот/бебето е заштитено. Внатрешноста е доволно заштитетна и не треба за ве загрижува оваа тема па дури и доколку вашиот партнер има доста голем пенис.

Следната заблуда кај многумина се контракциите од оргазмот кој ќе го доживее жената дека би можел да предизвика спонтан абортус.  По сексот нормално би било да почувствувате мали грчеви кои се сосема нормални, тоа се сигнали кои ги даваат мускулите од матката дека се затегнуваат (Ништо што треба да ве плаши). Доколку вашиот не ве советувал дека имате високо ризична бременост вие не треба да се плашите дека со контракциите од оргазмот би можеле да предизвикате спонтан абортус.

Сексот не може да предизвика пораѓање, уште една заблуда која е апсурдна.  Може да се предизвика контракција по сексот од хормонот кој го има во спермата простагландин, но не е доволно да предизвика пораѓање освен ако сексуалниот чин е блиску до датумот кој ви е одреден да се породите. Стравозите од оваа заблуда можеби произлегле од фактот што во болниците породувањето се предизвикува со овој хормон, но во поголема синтетичка концентрација отколку онаа во спермата кај мажот.

Митот дека бебето ќе знае дека сте имале секс е една голема заблуда. Експертите велат дека природно е бебињата да ги почувствуваат движењата и звуците на и во телото на мајката, но не би можеле да направат разлика од нормално обично движење до сексуални движења и звуци. Бебињата во стомакот немаат апсолутно никаква претстава за светот надвор.

 

Photo by Jonathan Borba from Pexels

Photo by Ana Maria Moroz from Pexels