Иако со целот срце го сакате својот партнер, понекогаш ви доаѓа да го фрлите од највисоката зграда. Љубовта е компликувана, колку што е и убава. Се чини најмногу од такт не исфрлуваат лицата кои најмногу ги сакаме, баш поради тоа што ни значат. Ако сте заинтересирани за тоа што е тајната за долгорочен успех, ќе ви откриеме- тајната е во деталите, ситниците секако. Според зборовите на експертите, паровите во среќен брак ги делат овие карактеристики.
Сите ги имаме оние пријатели кои секој детал од заедничкиот живот со партнерот го објавуваат на социјалните мрежи. Истражувањата покажуваат дека лицата кои на овој начин се однесуваат всушност не се потполно сигурни во стабилноста на својата врска. Они така настојуваат, својата врска или брак да претстават во поубаво светло, за таа таква да стане во јавноста. Лицата кои се навистина среќни во бракот немаат потреба од делење на својата интима со останатиот свет.
Монотонијата убива, тоа е и повеќе од јасно. Луѓето кои долги години се во брак ќе ви потврдат дека е потребно малку да се направат повозбудливи, како едноличноста не би преземела секој аспект на нивното постоење. Одењето во нов ресторан, заедничко патување, ново заедничко хоби, па дури и одење во кино се ситници кои можат да го направат бракот подобар. Кога пробувате нови работи едни за другите откривате она што не сте го знаеле и ги будите заспаните пеперутчиња.
Не е во прашање сексот и мазењето секоја вечер, туку нежната прегратка во текот на денот без некоја поголема причина, држење за рака при прошетка, благ поглед и бакнеж без некоја поголема помпа. Физичката наклоност е важна, како лицата кои се во брак не би раздалечиле едни од други. Споделувањето нежности е јасен показател дека ви годи присуството на партнерот, што и да се случува друго кај вас.
Поделбата на работите била усмена или писмена е појава карактеристична за секој брачен пар. Меѓутоа кога се во прашање среќните парови, тие кои не дозволуваат „работите“ на другата личност да останат незавршени, само затоа што таа или тој не стигнала денес тоа да го направи. Ако е перењето садоци на пример ваша работа, ако тој ден сте навистина преморени и лесно заспивате на троседот, вашиот партнер лесно ќе ви скокне во помош, затоа што тоа впрочем се заеднички работи.