Кон растенијата треба да се однесуваме како кон живо суштества и мора безусловно кон сите да се посветиме во поглед на грижата кон нив. Растојанието не може да се придружува кон некои правила туку ние ќе треба да се придружуваме кон неговите правила. Во продолжение ви даваме неколку упатства за тоа на што посебно треба да се посвети внимание!
Направете поделба на две гупи на вашите цвекиња во домот. Прво, цвеќе кое не поднесува високи температури и цвеќе кое поднесува високи температури. Млаките и постудени простории се идеални за поголемиот број на кактуси сансеверии, амарилиси, циклами, аукарии исл.Топлите простории/ соби се за бегониите, аспарагусите, палмите, фикусите, филадендроните и слични други видови.
И во двете простории на растенијата обезбедете им повеќе светлина и доволно свеж воздух за да можат да растат нормално.
Наглата промена на температурата може да им наштети на растенијата, како и провевот. Бидете внимателни да не им наштетите на цвеќињата.
Една голема грешка што најчесто се прави во домот е поставувањето на цвеќето покрај печка, радијатор или било какво топлотно тело.
Во зима доколку земјата е влажна не треба да се полева цвеќето.
Запомнете дека водата со која го полевате цвеќето треба да биде собна (еднаква на просторијата во која стои). Никогаш не го полевајте со ладна вода. Препорачливо е по полевањето да наполните сад со вода и да го оставите во негова близина за следното полевање.
Оние растенија кои се во студените простории за разлика од оние во топлите треба поретко да се полеваат. Експертите советуваат да се полеваат два до три пати во месецот. Оние цвеќиња кои ги чувате во топли простории ќе треба да ги полевате еднаш неделно.
Доколку имате повеќе облачни денови полевањето на цвеќето ќе треба да биде разретчено за разлика од сончевите денови. Кога полевате водата да не ја истурата на средината во саксијата туку полевајте кај рабовите на саксијата.
Оние растенија кои цутат или се во раст треба да ги полевате почесто за разлика од оние кои се во период на стагнација (мирување) или оние кои се прецутени.
Сувиот воздух придонесува појава на разни цветни штетници посебно црвениот пајак. Влажнете го воздухот со распрскувачи или апарати за влажност на воздухот или ставете сад со вода на радијаторите или печката.
Листовите ќе треба да се мијат со млака вода бидејки на растенијата им годи чистотијата.
Photo by Ksenia Chernaya from Pexels