Помислата на зима, дожд и снег може да ги разочара сите љубители на работата со растенија и земја. Но, ладните денови не мора да значи дека не можете баш ништо да одгледувате. Сосем обратно, има низ култури кои можете да ги посадите сега и да уживате во нив во текот на целта зима.

Билките на собна или дури и покачена температура, сместени покрај покрај прозорот или во поростија каде што има довлно светно, може да имаат и повеќе од голем успех.

Можеби веќе и сега имате зачински растенија или пиперчиња кои растат во тегла или на тераса. Едноставно преместете ги внатре во дмот и тие ќе продолжат да растат покрај прозорот. Важно е да ги наѓубрувате со органско ѓубриво како би можеле да издрат зимата

Важно е да знаете кои билки можете да ги одледувате во затворена просторија и на кои можеби ќе морате да им обезбедите повеќе светлина, од онаа вообичаената во вашиот стан или вашата куќа.

Зачински растенија

Босилек, оригано, жалфија, лаванда, ментол, мајчина душица, рузмарин и копар се билки кои најлесно може да се одгледуваат во затворен простор, среде зима. Ментолот е најтолерантен на ладно, но мора да знаете дека му се потребни неколку часа директна надворешна светлина. Босилекот и копарот имаат најголема потреба од топлина, па затоа сместете ги во собата која е навечер најтопла.

Зелен зеленчук

Зелена салата, рукола, спанаќ, марула и останатите ратенија познати како зелен зеленчук лесно се одгледуваат во затоврени простории. Но, имајте на ум дека нема да може да ги одгледувате до созревање. Затоа на неколку недели треба да засеете нова тура, како би биле снабдени цело време. Ако на прозорот се свртени кон југ, не им е потребно додатна светлост. Во спротивно секојдневно обезбедете им 10 до 12 часа внатрешна светлина.

Шери доматчиња

Овој вид растение е одлично за одгледување во затоврен простор, а и изгледа доста атрактивно. Но, мора да се знае дека тоа е летно растение, па ќе му биде потребно доволно сончева светлина и топлина за да созрее, односно околу 16 часа светлина секој ден. Исто така, потребна му е температура од барем 19 целзиусови степени, а иделно би било соба која гледа на сонце и температура од 23 до 26 целзиусови степени.

Лути пиперчиња

Ако имате лути пиперчиња во тегла на терасата внесете ги внатре. Цела зима ќе дозреваат покрај прозорот свртени кон запад, бидејќи навистина не бараат премногу. Редовно полевајте ги и хранете ги со органско ѓубирво.

Ова се само дел од растенија до кои можете да дојдете многу лесно, и да уживате додека ги одледувате во текот на зимскиот период, кога температурите не се баш за такво нешто. За многу повеќе вакви совети редовно посетувајте СЕМЕЈСТВО.МК