„Семејството не е дефинирано само по презимето или крвта, тоа е дефинирано според посветеноста и љубовта.

Ова значи да бидете таму кога сте потребни најмногу.

 Ова значи да се грижите еден за друг.

Ова значи да се сакате едни со други дури и во оние денови кога не можете да се поднесете.

 Ова значи никогаш да не се откажете едни од други.“ – Дејв Вилис

 

Секој од нас тежнее да се оствари како соодветен брачен партнер, родител, тежнеејки кон среќно семејство, мир и благосостојба. Во продолжение ќе ве потсетиме на златните правила за среќно семејство!!!

Среќа е кога дома сте сите заедно    Би било потребно секојдневно да посветите одредено и квалитетно време со членовите на вашето семејство. Не заборавајте дека да се биде заедно со луѓето што ги сакате и им значите  е вистинска среќа.

Заедно на појадок, ручек или вечера Некои научници откриле дека силната поврзаност помеѓу членовите во домот се должи на заедничките оброци !

Брак –пример за љубов  – Среќната и стабилна врска помеѓу сопружниците влијае за среќата во домот. Тоа влијае и во подоцнежниот живот на децата!

Пријателите се тука но семејството е на првото место – Семејните игри се многу битни во домот, браќата и сестрите треба да градат среќен тимски дух. Богатство е да се има пријатели но семејството секогаш треба да ви биде на пиедесталот!

Не претерувајте со активностите вон училиште – За доброто на детето е да има дополнителни вон училишни активности но преголемиот обем на обврски може да ги замори и да ги оттргне од домот. Ви препорачуваме заедно да практикувате трчање, возење велосипед,пливање и сл.

Никако кавги пред децата – Одбегнувајте ги кавгите и расправиите пред децата, сепак доколку се случат им должите објаснување која е причината. Децата се чувствуваат најсигурни кога помеѓу родителите владее хармонија, разбирање и надополнување.

Создадете навика за заедничко дружење – Задолжителен неделен ручек, Задолжително заедничко гледање на некоја семејна серија или филм, фамилијарно спортување сето ова е добро за заедништво, дружење и семејна социјализација. Направете нешто што ве поврзува и ве прави среќни.

Отворено да се зборува за се – Добрата и отворена комуникација во домот е најважното нешто за среќно семејство. Направете простор за доверливост кај децата, да имаат на кого да се потпрат и кому да ги искажат своите проблеми.