Родителите често се грижат за тоа дали нивните деца доволно спијат и колку впрочем е доволно? Постои еден општ водич за тоа колку вашето дете дневно треба да спие. Сепак треба да сфатиме дека секое дете е различно и дека на некое дете му треба повеќе сон, а на некое друго помалку.

Во првата година, поточно во првите месеци, бебето најголемото време од денот го поминува во спиење, па вам може да ви се причини дека бебето спие по целиот ден.

Новороденче до месец дена: Во првите недели вашето бебе најчесто ќе спие околу 15-16 часа во еден ден. Околу 8 часа во текот на ноќта (со повремени прекини за хранење, пресоблекување…) и околу 7 часа во текот на денот ( се разбира со повремени прекини исто така за хранење, пресоблекување…).

Бебе до три месеци: На вашето бебе сеуште му е потребно околу 15 часа сон, со тоа што вечерниот сон се продолжува во просек на 9 часа (заедно со ноќното доење, пресоблекување…), а пак дневното спиење малку се намалува.

Бебе до шест месеци: На шестмесечното бебе му е потребно околу 14-15 часа сон во текот на денот. Меѓутоа сега ноќното спиење трае околу 11 часа, а пак дневното околу 3-4 часа. Во овој период бебето е многу поактивно во текот на денот.

Бебе до девет месеци: На деветомесечно бебе потребен му е дневен сон околу 14 часа. Бебињата на оваа возраст спијат околу 11 часа во текот на ноќта. Многу поретко се будат во текот на ноќта, исклучоци се фазите т.е деновите кога на бебето му растат забчиња, кога му е ладно или топло во текот на ноќта и доколку почуствува глад во текот на ноќта.

Бебе до дванаесет месеци: Децата кој веќе имаат наполнето една година спијат околу 2-3 часа во текот на денот и во текот на ноќта околу 10-11 часа.

Што да направам за моето дете наутро подолго да спие?

Поголем број од родителите се жалат дека нивните деца наутро се будат премногу рано. Постојат два вида на деца кога станува збор за спиењето: оние кои се ранобудница и оние кои се будат пред да бидат наспани.

За да бидете сигурни дека вашето бебе е доволно наспано, следете ги неговите реакции во текот на денот. Доколку тоа изгледа поспано или пак повторно заспие за еден – два часа после будењето, можно е нешто да му пречи. Вие треба да се потрудите да ја разберете причината, за да можете во иднина да ја отсраните (постои можност на бебето да му смета уринската светлина, да има полна пелена или да го разбуди некој член од семејството кој рано станува).

Доколку Вам ви пречи што вашето бебе станува толку рано, пробајте постепено да го поместувате одењето во кревет, особено доколку бебето оди на спиење околу 19-20 часот навечер. Меѓутоа сепак водите грижа и бебето да не иде премногу доцна на спиење, тоа да биде најкасно до 22 часот.

Дали можам да го научам детето на здрави навики за спиење?

Детето веќе од 6-от месец пополека треба да се навикнува на секојдневниот ритуал за спиење. Оваа стратегија подразбира:

Ноќен ритуал

Вашето дете би требало секоја вечер во исто време да иде на спиење. Секоја вечер практикувајте исти ритуали, дури и кога не сте во вашиот дом. На децата им се допаѓа кога нивните навики не се менуваат.

Дневен распоред

Пробајте да направите план кога детето треба да спие, јаде, игра, бања… Кога ќе се придржувате на некои дневни правила детето со тек на време ќе научи кога што треба да прави , а тоа значи само ќе знае кога треба да спие, јаде и слично.

Научите го детето само да заспива

Постепено пробајте да го научите вашето дете да заспива само. Тоа нема да биде корисно само за вас, туку и за самото дете. Во вакава ситуација доколку вашето бебе се разбуди во текот на ноќта нема да плаче барајќи ве вас, него ќе може само да се смири.