Ако бебето е гладно, може да покаже знаци како да ги облизува усните или да цица, да ја врти главата кон вашата рака кога ќе му го допрете образот и да ги става рачињата во уста. Ќе знаете дека вашето бебе сака повеќе од што му давате кога ќе го завршите хранењето и ќе видите дека брзо го испило и се врти барајќи уште.

Колку адаптирано млеко му треба на вашето бебе зависи од многу фактори, како што се неговата тежина, возраст и дали го храните исклучително со формула или и го доите и го дохранувате со цврста храна. Сепак, постојат неколку основни насоки за да утврдите колку формула треба да му давате.

Најважно е однесувањето на бебето. Бебињата јадат кога се гладни и престануваат кога се најадени. Апетитот варира меѓу нив и нутритивните потреби на секое бебе се менуваат од ден на ден и од месец во месец.

Вашето бебе може да биде погладно од вообичаено во периодот кога нагло расте, а тоа е периодот десет до 14 дена по раѓањето, на три недели, 6 недели, 3 месеци и 6 месеци. Ако се не се чувствува добро исто така ќе јаде послабо. Ете затоа е толку важно да се научи редот на гладот на бебето.

Клучниот знак дека бебето е гладно, секако, е ако плаче. Но, одолејте на секој негов плач да му го принесете шишенцето. Особено, ако неодамна сте го нахраниле, сметајте дека можеби плаче зашто му е мокра пелената. Или можеби му е ладно или топло или едноставно сака да биде во вашата близина.

Ако бебето е гладно, може да покаже знаци како да ги облизува усните или да цица, да ја врти главата кон вашата рака кога ќе му го допрете образот и да ги става рачињата во уста. Ќе знаете дека вашето бебе сака повеќе од што му давате кога ќе го завршите хранењето и ќе видите дека брзо го испило и се врти барајќи уште.

Ако имате каков било проблем со хранењето со млеко можеби ќе ви помогне нашиот совет. Ако бебето ви изгледа гладно откако го испило шишенцето, обидете се претходно да подготвите малку повеќе млеко. Ако направите поголемо количество, можеби нема да го допие и ќе мора да го фрлите.

Ако бебето не јаде доволно цврста храна (ако е помало од 4-6 месеци значи дека не јаде) правилото е да му понудите 75 грама формула на килограм телесна тежина во период од 24 часа. Така, ако бебето тежи 6 килограми, му давате 450 милилитри млеко на ден. Ако тежи десет килограми треба да пие 750 милилитри на ден.

Еве неколку знаци кои ќе ви покажат дека бебето добива доволно формула, односно колку што му треба:

– Изгледа опуштено и задоволно по хранењето.

– Има 5-6 мокри пелени во текот на денот.

– Продолжува да добива на тежина по првата или втората недела. (Повеќето бебиња губат 5-9 проценти од тежината по раѓањето и повторно ја враќаат кога ќе наполнат две недели).