Од една страна е преубаво што конечно добивте можност да бидете со своите деца по цел ден, додека од друга страна работодавачот од вас очекува да бидете еднакво продуктивни како и претходно. Деца како деца, ќе направат се што е во нивна моќ да ви го одвлечат вниманието од комјутерот, а кога ќе ви заѕвони телефонот, во исто време ќе бидат гладни и жедни, а можеби итно ќе мораат и до тоалет.
Во овие неизвесни времиња вистински предизвик е да бидете вработен родител кој мора да жонглира со школувањето на децата од дома и со својата работа која константно се менува.
Зошто на децата им е тешко да дозволат да работите од дома? Девата кои одат во градинка или во почетните одделенија во училиште домот го доживуваат како безбедна зона. Место резервирано за семејството. Со самото тоа ако сте зафатени со нешто друго, тие ќе бидат незадовлни затоа не им го посветувате вниманието што го очекуваат. Вашата работа од дома децата ја доживуваат као проблем кој не можат да го решат, а кој прави проблем затоа што не поминувате повеќе време со нив.
Смислете што поефикасен систем за работа на неделно ниво и пробајте да видите колку е функционален. Договорете се со партнерот, тој да се грижи за децата претпладне, додека вие поголемиот дел од својата работа би ја преземале попладне. Следната недела променете ги улогите. Исто така поделете ги и куќните раболти, како би можеле покрај сите можни обврски, да ја завршите и целата своја работа. Барајте од постарите деца да ви помогнат, при што тие ќе се чувствуваат помалку исклучено и повеќе задоволно затоа што учествуваат во нешто со вас.