Доколку сакате да дознаете дали некој ви љубомори за вашите успеси приватно и професионално, ќе ви откриеме некои сигнали преку кои би можеле да препознаете. Но никако да се чувствувате лошо поради тоа, баш напротив треба да бидете горди со крената глава и да газите само напред.
1.Низ животот сигурно ви се случило да направите некоја голема работа а некој да ви каже дека сте направиле глупост. Ќе ве вратиме на училишните клупи, помните ли дека кога некое дете ќе учи напорно и има добри оценки другарчињата наместо да го фалат го нарекуваат бубалица.
Размислете дали доколку некоја личност не е љубоморна на вас, би дошла да ви честита за успехот, дали би направила нешто за да ви го расипе расположението?
2.Чувството кога ве игнорира, и вам и темата. Оној кој ви е љубоморен го оттргнува контактот со очи и се обидува максимално да ја одбегнува темата,и доколку зборувате за тема која вам ви е битна ќе се прави дека му е неважно и воопшто не го интересира.
3.Они кои ви љубоморат нема да можат да ви кажат вам лично но можат да ве оговараат зад грб, па да чуете отстрана што кажале за вас.
4.Ве изоставуваат, исклучуваат. Се организира забава, патување или некој настан , повикани се повеќемина од кругот со кој се дружите, сите се таму освен, вие. Личноста кој ви љубомори не би сакала да го привлечете сето внимание!
5. Кога некој едноставно ве мрази без било каква причина. Вие си го живеете животот си ја работите својата работа без да пречите некому и да привлекувате внимание или некому му ја загрозувате позицијата. Омразата е веројатно поради тоа што го имате достигнато или наследено. Нивната омраза е поради желбата да го имаат она што е ваше!
6.Доколку ве навредуваат/ подбиваат со некои “ситници“ секогаш кога има прилика а вие ништо ниту сте им возвратиле, веројатно ви се завидни, на тој начин сакаат да ја искажат својата надмоќ.
7. Не е важно вие што сте сториле, колку е значајно или големо тоа, оние кои ви љубоморат сите ваши заслуги ќе ги препишат на некој друг.
8.Лицата кои ви се љубоморни секогаш ќе се обидуваат да ви створат лошо чувство за сето она добро што ќе го направите, затоа наш совет е дека таквите личности не ви требаат во животот, оттргнете се од нив, дружете се и бидете покрај оние ве сакаат такви какви што се и оние кои искрено ќе се радуваат на вашите успеси.
Photo by Elijah O’Donnell from Pexels