Факти во прилог на доењето:

  • Мајчиното млеко е подготвено само за вашето бебе (структурата на мајчиното млеко постојано се менува за да ги задоволи променливите потреби на бебето. Млекото е поинакво наутро отколку доцна напладне, поинакво е во првиот месец отколку во седмиот, поинаково е кај предвреме родените бебиња, поинакво е за бебињата родени во терминот.
  • Мајчиното млеко придонесува за пдобро варење -бебињата што цицаат помалку страдаат од грчеви, гасови и прекумерно повреќање.
  • Придонесува за подобро апсорбирање на калциумот
  • Со мајчиното млеко помал е ризикот од алергии
  • Бебињата немаат проблеми со опсипација и пролив
  • Мајчиното млеко придонесува за подобро здравје на бебето – при цицањето бебето добива здрава доза на антитела  кои му ја зголемуваат отпорноста на организмот  на болести.
  • Помала сколоност кон дебелеење – Често доените бебиња се помалку дебелки од нивните врсници кои се хранат со шишенце.
  • Поправилен развој на устата – Мајчините брадавици и детската уста се совршена комбинација
  • Мајката побрзо закрепнува преку доењето – Дењето е дел од природниот циклус бременост – раѓање – мајчинство и е еднакво добро како за бебето така и за мајката!
  • Преку доењето се намалува ризикот за рак на дојката
  • Длабока врска помеѓу мајката и детето

Факти во прилог на хранењето со шишенце

  • Бебето постојано е сито -Во раниот период растојанието во оброците се продолжува на три до четири часа
  • Лесна контрола на внесеното – Точно знаето колку млеко внело бебето што се храни од шишенце
  • Поголема слобода – Хранењето со шишенце не ја ограничува мајката
  • Таткото повеќе учествува – татковците можат да со поделат со мајката задоволството на хранење!
  • Постарите браќа и сестри повеќе учествуваат
  • Помалку бара – Жената е поштедена има можност да не се буди за ноќните доења. Таткото, бабата, негувателката или било кој би можел да се погрижи за ноќните доења.
  • Без влијание врз облекувањето- Мајката која храни може да избере да облече што сака за разлика од онаа која дои.
  • Помалку ограничувања во исхраната – Мајката што го храни бебето со вештачко млеко може да престане да се храни за двајца за разлика од мајката што дои.
  • Хранењето на јавно место е помалку непријатно
  • Не влијае врз водењето на љубов – за жената што дои поради сувата вагина од хормноналните промени. болни брадавици, и течењето на млеко од дојките , водењето на љубов може да биде недостижен сон со месеци. За таа разлика мајката што не дои може да продолжи онаму каде што застанале со нејзиниот партнер пред зачнувањето.

 

 

Photo by Cleyder Duque from Pexels

Photo by Polina Tankilevitch from Pexels