Не е потребно многу време за да оствариме подлабока врска со нашите деца. Ако  само неколку минути, неколку пати во текот на денот, го насочиме нашето внимание кон нив можеме да ги наполниме со позитивно внимание.

Еве четири дневни навики што можете да ги започнете сега за да создадете посилна врска:

  1. Започнете го денот со утрински благослов

Утрата може да бидат вистинска кавга. Обидот да ги натерате сите навреме да излезат од вратата е често стресно време за семејствата.

Нашите умови како возрасни се насочени кон десетици работи што мора да ги постигнеме во следните 12 часа, а нашите деца се често уморни, пргави или преокупирани со сопствените мисли за претстојниот ден.

Одвојувањето две или три минути од утрото да се фокусираме на лицето на нашето дете и да кажеме нешто позитивно, навистина може да има големо влијание. “Добро утро љубов моја! Гледањето на твоето слатко лице ме прави среќен“ е одличен начин да се поздрави дете. Имајте цел да им посветите целосно внимание барем неколку минути, понудете прегратка или галете ги по главата и кажете нешто позитивно за нив. Стекнувањето секојдневна позитивна навика започнува секој слободен ден.

  1. Попладне или по училишен собир

Дали децата се враќаат од училиште и се распрснуваат секое во секоја насока? Дури и ако учат од дома,  или се сè уште многу мали, создавањето попладневно учество дава друга точка за поврзување во вашиот ден.

Некои идеи за ова дружење вклучуваат време за заедничка напивка- чај или слично, освежување со овошје, гласно читање на поглавје од одлична книга… Некоја активност во која би учествувале сите.

Повторно, и ова време поминато со вашите најблиски трае само неколку минути од попладнето. Ова лесно може да се прилагоди на собирање после вечера. Времето на часовникот не е важно. Времето поминато заедно е важно.

  1. Оброк на маса

Денес многу ретко семејствата се собираат да јадат заедно. Разбирливо секојдневните работни обврски не ни дозволуваат да уживаме во заедничките оброци. Но, можеби заедно може да се направи појадок во раните утрински часови, па дури и во вечерните часови да се соберете барем неколку минути само за десерт во кујната би делувало одлично за сите членови во семејството.

Некои истражувачи сугерираат дека придобивките од семејните оброци се многу, вклучително и поздрава исхрана за деца, подобрена психолошка благосостојба, поголеми академски достигнувања и уште помалку деликвенција!

  1. Време „еден на еден“ пред спиење

Барем по десетина минути пред спиење минати со децата може да им значи многу. Во ова време тие знаат навистина да ги отворат срцата. Ако нема многу што да се каже, доволно е да им поставите три едноставни прашања: „Кажи ми нешто добро што се случи денес?“, „Дали има нешто за што сте загрижени или сакате да прашате?“ „Кажи ми еден од твоите соништа или цели во животот?“.

Јасно е дека во ова време од ноќта, повеќето од нас се подготвени да го завршиме денот. Можеби дури и ќе развиеме тенденција да брзаме низ рутина пред спиење за да стигнеме до некогаш толку неостварливото „време за мене“. Но навистина, овие неколку минути на поврзување со нашите деца вредат многу повеќе.

photo created by master1305 – www.freepik.com</a>