Сите брачни советници ќе ве советуваат дека темелот на секој брак е искреноста помеѓу партнерите, но во чест на добриот однос и комуникација некои работи подобро би биле кога ќе останат премолчени, едноставно зачувани во себе!

Некои работи сигурно вашиот партнер не би сакале да ги знае. Како на пример дека “Вашиот колега секој ден ви се додворува“ или дека поранешниот и не бил така лош во креветот. Секако тука се и тајните кои ви ги кажуваат пријателките, некои искажани тајни остануваат меѓу вас!
Ве советуваме. Прочитајте ШТО НЕ ТРЕБА ДА СЛУШНЕ ВАШИОТ СОПРУГ!

1.Тајните на пријателките- Доколку вашата добра пријателка ве замоли тоа што ќе ви го каже дека треба да остане помеѓу вас, така треба и да биде! Доколку сакате да му ја откриете тајната што ви ја кажала пријателката, размислете дали вашиот сопруг би гледал на работите од исти агол!

2. Фантазиите за други мажи – Сексолозите велат дека е нормално откако ќе стапите во брак во некои моменти да почувствувате привлечност кон други мажи, кои не е вашиот сопруг. Овие помисли не се нешто што треба да ги споделите со сопругот. Доколку сакате вашиот брак да остане стабилен, без нарушени односи и љубомора вашите фантазии за други мажи чувате ги само за себе.

3. За мажите кои ви се додворуваат – Некои луѓе едноставно сакаат да шармираат и да флертуваат, бурмата на раката може да не биде пречка за вашиот колега да ви праќа сигнали или некој познајник да ви подарува комплименти кои водат во поинаква насока. Вашите додворувачи нека бидат ваша тајна, никако не му ги пријавувајте на сопругот. Може да го раскопате сомнежот во него и да ја активирате љубомората.

4.Убавите спомени за поранешните – Поранешните и сегашните партнери никогаш не одат заедно. Ако нешто мразат да слушнат мажите тоа се приказните за бившите за кои се зборува во суперлатив. Заклучете го бившиот во минатото, убавите спомени поврзани за него нека останат ваша тајна.

5.Не ве возбудува повеќе – Се случува и по некој сушен период да се помине во бракот, па огнот и пеперутките да ги нема. Но ако му го плеснете тоа во лице можете само да го зголемите проблемот.

6. Не го навредувајте со нешта кои не може да ги промени- Доколку неговата коса видливо е опадната, прокелјавел или не заработува како порано, не би требало често да го потестувате за тоа, зошто така правите негативни чувства на кои не може да делува и промени.

7. Тајните помеѓу вашите деца- Кога децата ќе ви кажат не му кажувај на тато за некоја симпатија, или случка. Запечатате ја устата и не ја откривајте нивната тајна. Но сопругот би требало да го известите доколку имаат проблем во училиште, пушат или пијат (дури и ако претходно детето ве замолило). Разговорот со сопругот ќе помогне да се надмине се.
8. Навредливите зборови кои сте ги слушнале за него – Некои ваши блиски некогаш и ќе си дозволат да го критикуваат вашиот сопруг, особено во некои моменти кога се жалите од него. При разговорот со нив би можело да излета и некој навредлив збор за него кој не би требало да слушне. Затоа немојте веднаш да трчате да му пренесете, можете да создадете тензија помеѓу двете страни.

Малите тајни секако се елемент да среќен и добар брак, не немојте да претерувате. Добрата комуникација со сопругот, искреноста и отвореноста се клучни за успешен брак!!!

Photo by Maksim Goncharenok from Pexels

Photo by Jonathan Borba from Pexels